Астана Арена е грандиозна, Македонија тренираше во пресрет на дуелот со Казахстан

690

СпортСпорт во Астана, Огнен Чак Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација го одработи последниот, оној официјалиот тренинг пред утрешниот квалификациски дуел против Казахстан на гостински терен.

Утре, со почеток од 16:00 часот на Астана Арена каде што се тренираше денес, избраниците на Благоја Милевски ќе се обидат да ја продолжат позитивната низа на резултати и да останат конкурентни за највисок пласман во групата.

На вештачката трева на Астана Арена, Македонија одработи лесен тренинг, со оглед на фактот што синоќа се пристигна во Казахстан со шестчасовен лет од Скопје.

Сепак, и покрај временската разлика, и летот, Македонија пред се изгледа мотивирано, детерминирано и сконцентрирано, за утрешниот меч.

Без Илиевски, Алими, Димовски, Милевски мораше да го одработи и овој последен тренинг за да одбере кој утре стартува во еден од најважните мечеви за нас во оваа Мундијалска кампања.

ПретходноАлкалоид со убедлива победа ја заврши сезоната!
СледноВардар е новиот јуниорски шампион на Македонија