Секуловски се врати во Пелистер, овој пат како координатор на школата

136
фото: ФК.Пелистер Битола (Facebook)

Македонскиот прволигаш Пелистер ја започна реорганизацијата по најавената промена во структурите на клубот.

Како што објавија денеска битолчани, управата го именува Марјан Секуловски за нов координатор на школата на клубот и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски.

„Ова е нашиот прв чекор, но наскоро ќе ги објавиме и останатите промени. Клубот донесе одлуки за менаџментот и управувањето и деновиве на официјална прес-конференција ќе ги објави следните чекори. Наша цел е развојот започнат од претходната управа да продолжи и ФК Пелистер да се стабилизира како прволигаш со особен значај во македонскиот фудбал“, се вели во соопштението од редовите на битолскиот прволигаш.

ПретходноМиленкоски: Мора да ја гледаме целата слика, нашата цел е Европско првенство!
СледноЦСКА (М) по 12. пат ја освои ВТБ лигата