Марко Ѓорѓиевски и официјално ја стартуваше својата авантура во тимот на Клуж од Романија.
Откако минатата недела го потпиша договорот со овој клуб и направи трансфер од Силекс, сега напаѓачот ги стартуваше подготовките во новата средина.
Ѓорѓиевски замина во Романија како играч кој беше најдобар стрелец во домашниот шампионат изминатата сезона, и во Клуж имаат големи очекувања за него.
Клуж инаку заврши како втор во штотуку завшрениот шампионат на Романија и ќе биде дел од европските купови летово.