Седлоски денес беше сведок на судењето на Мамиќ: Динамо не ми остана должен ништо

3340

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, се појави како сведок во случајот таканаречен Динамо 2 во судот во Осијек, Хрватска. Големата афера која што со години се врти низ судовите во Хрватска, а го опфаќа некогашниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, стигна и до нашиот Гоце Седлоски, кој што се појави како сведок на едно од рочиштата кое што се одржа денес.

Некогашниот капитен на репрезентацијата на Македонија, но и токму на Динамо Загреб сведочеше дека нему клубот од Максимир не му останал должен ништо иако према обвинението, клубот е оштетен за три милиона евра, токму преку исплата на непостоечки долгови меѓу кои и кон Седлоски. Нашиот искусен тренер сето тоа го негираше денеска. Покрај Седлоски, на судењата како сведоци се појавија и Лука Модриќ, Дејан Ловрен и уште неколку играчи од тие времиња на Динамо, кога Здравко Мамиќ беше алфа и омега во клубот.

Од Хрватска, Седлоски директно ќе се упати за Словенија, каде што од утре Вардар ги почнува подготовките за новата сезона.

https://www.24sata.hr/news/sedloski-dinamovo-dugovanje-od-500-000-eura-u-to-vrijeme-nisam-niti-imao-toliku-placu-1056908?fbclid=IwY2xjawK2g9ZleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFXQ0NwaWd5cktaZEdwZG9YAR42AnfGET09Rr3GDddgNIRBLdVeBgYKA76A-INxVSov0VHdN-NsSKd3z0s_IA_aem_WhP_-ZTsqMZAyfWFFrdwMA

 

 

 

ПретходноЃорѓиевски тргна со Клуж
СледноПипо Инзаги ќе биде тренер на Палермо