Македонската тениска репрезентација денеска го претрпе првиот пораз на турнирот од 3. Европска група на Дејвис Купот во Скопје. Нашите тенисери загубија од Црна Гора, па сега пред нив како клучен е утрешниот трет меч од групата против селекцијата на Молдавија.
Со победа Македонија ќе има шанси за пласман во Втората Светска група, па затоа нашите тенисери предводени од Калин Ивановски кој се очекува утре да заигра за нас во сингл натпреварите, повикуваат нашите фанови во што поголем број да дојдат на терените на ТК Југ со почеток од 10:30 часот.
„Дојдете утре на тениско во Југ да им дадете поддршка на македонските тенисери. Македонија игра решавачки меч против Молдавија. Ќе настапи и Калин кој ги надмина проблемите со повредата. Со македонско знаме и пред исполнети трибини македонските тенисери ќе имаат дополнителен мотив за победа, која може да ја отвори вратата за учество во Втората светска група од Дејвис Купот“, стои во пораката од нашата репрезентација.