Сеуште сме под позитивни вибрации по одличниот јунски квалификациски „прозорец“ на нашиот национален тим во квалификациите за пласман на СП 2026. Одличните 1:1 во Скопје против првиот фаворит Белгија и победата во Астана над Казахстан го оддржаа националниот тим на Македонија на врвот од табелата во нашата група.
Резултати за респект и почит но и резултати за кои е потребна награда. Дознаваме дека ФФМ ќе одреди сума од 150.000 евра како премија која играчите и стручниот штаб ќе ја победат за освоиените 4 бодови во изминатите неколку дена.
Цифрата треба да биде изгласана на следната седница на УО на ФФМ, а по предлог на претседателот Масар Омерагиќ. Избраниците на селекторот Благоја Милевски и во март имаа ист епилог од реми со Велс дома и победа на гости кај Лихтенштајн. Осумте бода се доволни за прва позиција и голем оптимизам пред предизвиците во септември, ноември и декември.
Математиката вели дека со максимални шест бода дома со Лихтенштајн (7 септември) и Казахстан (13 октомври), и една победа на гости кај Белгија (10 октомври) или Велс (13 ноември), ќе ја однесе Македонија на мундијалот идната година.