Бразилско засилување за ЖРК Чаир: Фереира е нов лев бек на „чаирчанки“

102

26-годишната Бразилка, Изабела Де Жезус Клементе Фереира од вчера е ново засилување за финалистот во македонскиот Куп, екипата на ЖРК Чаир.

Фереира во Чаир доаѓа од тимот од Алавериум од Португалија. Бразилката е веќе етаблирана ракометарка во португалскиот шампионат и ќе биде големо засилување за македонскиот тим. Во својата кариера Фереира уште има настапувано за Сорокаба од Бразил и Сао Педро од Португалија.

Претходно, ЖРК Чаир се засили и со голманот Ема Кирова и Мила Трајковиќ, со што клубот продолжува активно да се подготвува за новата сезона во која го чека настап во ЕХФ Европскиот куп.

ПретходноМладинците без Дамјан Митев на СП
СледноОдбојкарките вечерва во Струмица против Израел во претпоследниот меч од Сребрената лига