Бројките велтат дека пред Вирц ќе бидат само Нејмар и Мбапе

302

Според островските медиуми, Ливерпул постигнал договор со Баер Леверкузен во врска со трансферот на Флоријан Вирц, според кој се обврзани да платат фиксни 117.500.000 евра, но и дополнителни 18.800.000 преку бонуси за кои, тврдат тие, се сосема остварливи.

Значи, вкупно нешто над 136.000.000 евра.

Доколку бонусите за време на престојот на Вирц на „Енфилд“ навистина се реализираат, тоа ќе биде рекорд во Премиер лигата кога станува збор за износот на трансфер на еден фудбалер, додека тој би станал третиот најскап фудбалер во светот, по трансферот на Нејмар во Пари Сен Жермен вреден 222.000.000 евра и Килијан Мбапе, кој пристигна во Париз од Монако за сума од 180.000.000 евра.

Спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес, инсистираше на обештетување од 150.000.000 евра, меѓутоа, по неколку недели преговори, двете страни постигнаа договор.

Германскиот интернационалец ќе потпише петгодишен договор со тимот од „Енфилд“, а ја одби понудата на Баерн, па веќе беше јасно дека „црвените“ ќе го добијат еден од најдобрите фудбалери во Европа во моментов.

Вирц ја заврши сезоната во Леверкузен со 16 гола и 15 асистенции во 45 настапи во сите натпреварувања, пред една година беше клучен фактор во освојувањето на историската титула во германското првенство, по што се зборуваше за интерес од Реал Мадрид.

Наместо од Мадрид, тој пристигнува во Ливерпул…

ПретходноШкендија им се заблагодари на Зија Мерџани и Ристо Јанков
СледноДејвис куп: Победа за Ивановски, Македонија ја доби Еременија