Најавено, па потврдено: Зајков и официјално во дресот на Ајман!(ФОТО)

384

Она што вчера СпортСпорт го најави, денеска е и официјално. Ѓоко Зајков, нашиот репрезентативен стопер својата кариера ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати и тоа во дресот на Ајман.

По три сезони минати во Романија, каде играше за Крајова, а посебно по одличните игри во репрезентацијата во последно време, Зајков направи голем и богат трансфер на Блискиот Исток.No description available.

Зајков во ОАЕ замина како слободен играч и тоа на барање на тренерот Горан Туфегџиќ. Јасно е дека му посакуваме успешни настапи и уште подобри игри во нашата репрезентација на Ѓоко Зајков кој беше дел од златната генерација која играше на ЕП за младинци во 2017 година.

Зајков играше и за Работнички, Ворксла, Шарлроа, Левски Софија

ПретходноРаботнички се пофали со Дашмир Елези! (ФОТО)
СледноВардар ги стартуваше подготовките во Раденци! (ФОТО+ВИДЕО)