Томовски се збогуваше со Постдам: Навистина уживав во времето минато овде!

325
фото: 1. VfL Potsdam 1990 e.V. (Facebook)

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, денеска и официјално се збогуваше со својот досегашен тим, германски Постдам. Германскиот тим на социјалните мрежи му се заблагодари за одличната сезона на голот на тимот, а и Томовски возврати со благодарност до сите кои му беа поддршка оваа сезона.

„Навистина уживав во времето во Потсдам – дури и ако ми требаше малку за да се прилагодам. Но, запознав прекрасни луѓе, вистински професионалци. Ова беа посебни месеци, не само спортски, туку и човечки”, изјави Томовски.

„Не се збогуваме – туку: се гледаме наскоро!“, порачаа од Постдам.

ПретходноОклахома испиша историја: Најмногу постигнати поени во една НБА сезона!
СледноГерманска машина: Фуксе Берлин го растури Нант за историско финале во ЛШ