ПСЖ немилосрден: Европскиот шампион силно го почна настапот на Светското клупско првенство

1726
фото: PSG (X)

Европскиот шампион ПСЖ со убедлива победа од 4:0 го започна настапот на Светското клупско првенство во САД. Во европското дерби на денот, парижани го совладаа шпански Атлетико Мадрид и покажаа дека во САД допатуваа со идеја да атакуваат и на светската клупска титула.

Фабијан Руиз го отвори резултатот во 19. минута, а до полувремето со голот на Витиња (45+1), ПСЖ веќе имаше предност и од 2:0.

Во вториот дел Атлетико (М) успеа да погоди, но голот на Алварез беше поништен. До крајот на мечот, Мајулу во 87. минута и по третпат ја затресе мрежата на Облак за 3:0, а конечните 4:0 ги постави Ли од пенал во судиското продолжение. Атлетико мечот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Ленгле во 78. минута.

Во второто коло, ПСЖ за противник ќе го има Ботафого, додека Атлетико (М) ќе има поправен против Сиетл.

ПретходноКубица му донесе победа на Ферари на легендарната „24 часа Ле Ман“
СледноАстон Вила ќе превземе радикални мерки за да го задржи Рашфорд