Во меч од 1.коло во групата Д, Челзи ја оправда улогата на голем фаворит и со 2:0 славеше против Лос Анџелес, кој важи за еден од најдобрите клубови во МЛС.
Стрелци на головите беа Нето во 34.минута и Енцо Фернандез во 79.минута. Со ова сините освоија три бода и сега се на чекор, очекувано, до пласман на Светското клупско првенство кое се одржува во САД. Да кажеме дека за тимот од ЛА настапија некогашните репрезентативци на Франција, Лорис и Жиру.
Сепак самиот резултат и победа на “сините“ од Лондон паднаа во втор план ако се погледнат фотографиите од празните трибини на супер модерниот “Мерцедес – Бенц“ стадионот во Атланта. Ова вечерва е главна или топ тема во фудналските кругови. На трибините имаше само околу 15.000 фанови кои се со капацитет од 72.000. Јасно е дека ова е голем срам и брука за ФИФА.
Ова и дефинитивно покажува дека вакво СКП на никого не му е потребно.
Mercedes-Benz Stadium before kickoff of Chelsea vs. LAFC. pic.twitter.com/svWc355Lg5
— ESPN FC (@ESPNFC) June 16, 2025