Израелската кошаркарска федерација одлучи да ја заврши сезоната пред решавачкиот трет натпревар од финалната серија помеѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Ерусалим поради безбедносни причини.
Одлуката беше донесена едногласно на состанок на комитет во кој членуваат членови на двата клуба. Третиот натпревар нема да се игра поради воената состојба во земјата, а израелските медиуми објавија дека странските играчи на Макаби веќе ја напуштиле земјата.
„Во отсуство на третиот натпревар, кој е неопходен за да се одреди шампионот, комитетот одлучува дека нема да се прогласи шампион“, се вели во соопштението.
Победник во серијата е тимот што ќе забележи два триумфа. Макаби го доби првиот натпревар со 91:88, додека Хапоел го доби вториот натпревар по продолжение со 77:74.