Во првото квалификациско коло од овогодинешната Лига на Шампиони, шампионот на Македонија, тимот на Шкендија ќе одигра двомеч со шампионот на Велс, екипата на ТНС, или со целосно име The New Saints.
Вака одлучи ждрепката која се одржа предмалку во седиштето на УЕФА во, Нион, Швајцарија, каде што тетовци го добија првиот противник летово во Европската авантура.
Се работи за противник со кого Шкендија веќе има искуство. Поточно во 2018 година овие два тима беа во иста ситуација, односно противници во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите. Шкендија најпрво победи со 5:0, а потоа загуби со 4:0, но сепак пројде во следното коло.
Мечевите се играат на 8/9 односно 15/16 јули
Првото квалификациско коло е закажано за месец јули. Поточно за 8 односно 9 јули или пак за 15 односно 16 јули во зависност од распоредот кои дополнително ќе биде утврден како од ривалите, така и од самата УЕФА.