Мартин Томовски запиша седум одбрани во триумфот на Вардар 1961 против ППД Загреб од 24-20 во рамките на првата четвртфинална пресметка за место на фајнл-фор завршница во СЕХА-лига, која ќе се одржи во Задар.
Македонскиот репрезентативен голман блесна кога беше најпотребно, а одбранта против искусниот Мандиќ, СЕХА ја прогласи за најтрактивна. Томовски убаво го прочита противникиот ракометар, не дозволи да дојде на минус еден. За овој потег доби овации од публиката.