Шортс фантастичен, Париз е на чекор до титулата!

108
фото: Paris Basketball (X)

Париз – Монако 2:0 во финалната серија во кошаркарскиот шампионат на Франција. Вечерва на свој терен, тимот на Париз со 92:67 просто го прегази составот на Монако.

Јасно е дека уште еднаш македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше фантастичен, маестрален и кога игра така тогаш нема дилеми дека неговиот тим победув и тоа убедливо.

Шортс вечерва запиша 28 поени, имаше 3 скокови и 5 асистенции и тоа само за 22 минути минати на паркетот.

Со оваа победа Париз не само што е на чекор до титулата, се игра во три добиени во оваа финална серија, туку е и до испишување на историја.

Имено никогаш досега овој клуб не бил шампион на Франција, еве сега му се пружа златна шанса.

Со Шортс, кој следната сезона ќе игра за Панатинаикос, се е можно.

ФОТО: БЦ Париз/ФБ

ПретходноНеверојатно: Германија водеше со 5:1, Англија за 11 минути израмни на 5:5!
СледноСКП: Аргентинскиот гигант убедлив против Јапонците!