Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, вистински хаос се случувал на средбата меѓу Србија и Италија на СП во ватерполо за младинци кое се одржува во Загреб.
Србија победила со 16:14 и се пласирала во 1/4 финалето, но се водела вистинска војна во базенот. Судиите имале и тоа како работа, доделиле 11 црвени картони на играчи од двете селекции.
Сепак малку недостигало да дојде до општа тепачка и со присутните фанови. Имено некој од српските ватерполисти го фатил за тестиси голманот на селекцијата на Италија. Дошло до хаос откако мајката на голманот почнала да фрла со пластични шишиња кон Србите и тргнала да се пресмета со нив. Сепак не дошло до катастрофа, ватерполистите на Италија ја одбраниле од гневот на Србите и се се завршило на мирен начин.
За среќа.
ФОТО: Ватерполо сојуз на Србија