Трајковски потпишува за Комо, ама веднаш оди на позајмица во Палермо?!

914

Алекс Трајковски, херојот од Палермо, по се изгледа дека пак се враќа во тој град каде им го “стегна“ голот на Италијаните во баражот во март 2022 година и ги елиминира од СП 2022.

Да потсетиме дека тој четири години беше дел од Палермо од 2015 до 2019 година.

И пак има шанси да го облече “розевиот“ дрес на култниот тим од Сицилија. Имено има опција Алекс да потпише за Комо, ама веднаш да биде пратен на позајмица во Палермо. Ова е поради фактот дека тој нема ЕУ пасош за да може директно да потпише за второлигашот.

Да потсетиме дека нов тренер на Палермо е славниот Пипо Инзаги.

Македонскиот репрезентативец по завршување на сезоната си замина од Хајдук, а дека не заборавил да постигнува прекрасни голови се виде во Казахстан, каде токму со мајсторскиот погодок на Алекс победивме со 0:1 пред десет дена.

ПретходноЛШ: Шкендија, ако го мине ТНС, во 2.квалификациско коло ја чека двомеч со подобриот од дуелот ФЦСБ – Ескалдес!
СледноХаос на СП во ватерполо за младинци: Мајката на италијанскиот голман сакала да се пресмета со српските ватерполисти!