Македонската „тројка“ се држи заедно во САД

1108

Огнен Чак Дојчиновски

Иако сме релативно мала фудбалска нација тоа не значи дека нашите интернационалци не се распрснати насекаде во светот. Било тоа да се активни фудбалери, таленти или искусни прекалени интернационалци или пак оние кои веќе својот леб го заработуваат со тренерскиот занает.

Америка и ден денес, како и за многу други професии е одлична како дестинација кога станува збор за фудбалот. Тоа е спорт кој што во САД зема огромна експанзија, а доказ за тоа е и Светското клупско првенство кое што во моментов се одржува на американскиот континент.

Уште повеќе пак, кога станува збор за женскиот фудбал. Тука нашинците се на „свое“ што се вели.

Доскорешниот селектор на женската репрезентација на САД, Влатко Андоновски популарниот Шате во моментов е тренер на првопласираниот тим во лигата, екипата на Канзас Сити. Негов помошник и секако тренер на голманите е Љупчо Кметовски. Во моментов „газат“ во домашниот шампионат, имаат предност од пет бодови на лидерската позиција.

Таму секако го имаме и Павел Неделковски кој беше дел од стручниот штаб на Шкупи кој во сезоната 2021/22 ја освои титулата во ПМФЛ шампионатот по 18. Години пост, а беше дел и од екипите на Вардар и Работнички. Неделковски своето „американско“ искуство го стекна во екипите на ДЦ Јунајтед, како и МЦ Лин. Неделковски ги посети своите пријатели и ги бодреше во победата на Канзас Сити против Расинг Луивил од 4:2.

„Американскиот фудбал со огромни чекори граби напред, а ние ја имаме таа привилегија да сме дел од оваа приказна. Условите за работа се фантастични во секој клуб, и секој би посакал да работи на овој континент“ – ни изјави „македонската тројка“ од САД.

ПретходноМихаилов заминува за Словенија и седнува на клупата на Радомље!?
СледноХаос на дербито во Либија, претепан судија, и запален гостински автобус