Иако се очекуваше младинскиот репрезентативец на Македонија, Томче Гроздановски летово да има нов клуб, тој сепак, на крајот се одлучи да потпише нова верност со неговиот досегашен тим Словачкиот прволигаш Злате Моравце.
Неговиот претходен договор заврши летово, и играчот за врска имаше повеќе опции на располагање. Сепак, на крајот се реши да остане во досегашниот тим каде што имаше полна минутажа и собираше драгоцено сениорско искуство во Словачката прва лига.
Тој се најде на списокот на селекторот Драган Канатларовски за мечевите на нашата репрезентација од тековните квалификации против Франција на 2 септември односно против Србија на седми.