Еден од македонските претставници во европските купови, Работнички попладнево замина за Охрид, каде во наредните седум дена ќе ја реализира втората фаза од летните подготовки, пред средбите со Торпедо во квалификациите за конференциската лига на УЕФА.
Тимот предводен од новиот стратег Бојан Маркоски ќе одигра уште два пријателски натпревари, на 24 јуни против Партизани Тирана во Струга (17.30 часот) и на 27 јуни против Балкани во Охрид (16 часот).