Земјотрес во францускиот фудбал: Олимпик Лион исфрлен во Втора лига!

379

Невиден земјотрес се случува во францускиот фудбал. Олимпик Лион, освојувач на седум последователни титули во лигата и еден од најдобрите тимови во Лига 1 во последните две децении, ќе игра во втората лига следната сезона. Како што потврди финансиското тело на француската лига, ДНЦГ, по двочасовен состанок со сопственикот на клубот, Џон Текстор, кој ги изнесе своите тврдења, лигата сметала дека тоа е недоволно и санкцијата најавена претходно е потврдена.

И покрај уверенијата на Текстор дека состанокот поминал непречено ДНЦГ одлучи да го санкционира Олимпик Лион, кој сега мора да поднесе жалба на пресудата на финансиската институција, ако не сака да се западне во невидена криза што би предизвикала целосен земјотрес во француската лига.

Во ноември, ДНЦГ се согласи привремено да го исфрли историскиот француски клуб од лигата, забранувајќи им да потпишуваат нови играчи до јуни и принудувајќи ги да соберат 175 милиони евра за да ја укинат забраната.

ПретходноНа Вардар ќе му суди арбитар од Андора, Грузијци за Работнички, Ерменци за Силекс
СледноКамерунецот од Воска Спорт е ново засилување за Арсими