Ти-Џеј Шортс со 27 поени им ја донесе решавачката победа на кошаркарите на Париз и шампионската титула во францускиот шампионат. Вечерва Париз на домашен терен во петтиот меч славеше против екипата на Монако со 99-93 и успеа да ја освои титулата.
Ова е прв аисториска титула за Париз во Франција. Шортс и вечерва брилјираше, но за него ова веројатно беше и последниот меч во дресот на Париз, затоа што веќе беше најавено дека карирата ќе ја продолжи во екипата на Панатинаикос.