Бутел подобар од Т. Пролет на „контролката“ пред ЛЕ

109

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 31-26 на пријателскиот меч против Бутел, што претставуваше „генералка“ за тимот пред квалификациите за Лигата на Европа и двомечот против Грањолерс.

Доне Бошковски го претрпе првиот пораз како тренер на Тинекс Пролет, а главен акцент во наредниот период ќе биде ставен на играта во одбрана, каде дефинитивно постои простор за напредок.

Денешниот дуел почна со израмнета игра, па на половина од првото полувреме резултатот гласеше 9-9. Бутел нешто подобро го финишираше полувремето и на одмор замина со предност од 14-13, а пресуден беше почетокот од вториот дел, во кој домашниот состав создаде поконкретна позитива. „Бутелци“ најпрвин се одлепија на 19-16, а потоа во 48. минута имаа и водство од 25-20.

И покрај обидите за камбек, Бутел рутински ја задржа предноста и триумфираше со убедливи 31-26.  Тинекс Пролет в четврток патува за Шпанија, каде во петок и сабота ќе се сретне со Гранолјерс во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

ПретходноПСЖ не попушта: Одби и 180 милиони евра од Реал за Мбапе
СледноСерафимов повторно стрелец, но неговиот Залаегерсег загуби