Од шампион на Португалија до Трета лига: Боависта исфрлена во аматерската лига!

135

Гигантот на португалскиот фудбал, славната Боависта, која беше и шампион на Португалија во сезоната 2000/01, а исто така и петкратен освојувач на Купот на Португалија и полуфиналист на Купот на УЕФА во сезоната 2003/04, е испратена во Третата лига.

Челниците на португалската лига одбија да им издадат лиценца за натпреварување во Втората лига поради огромни финансиски неправилности и долгови, па тимот сега мора да оди во аматерската Трета лига.

Контроверзниот бизнисмен и сопственик на клубот, Жерар Лопез, не ги доставил документите поврзани со плаќање даноци и социјално осигурување, дури се обидел да забрза со инвестиција од 2,5 милиони евра за да спаси што може да се спаси, но доцнел со исплатата.

„Целосно сум скршен, им се извинувам на сите, не мислев дека ова ќе ни се случи. Направивме сè што можевме за да го регистрираме клубот, ги добиваме документите, но парите не стигнаа на време“, изјавил претседателот на клубот, Фари Феј.

ПретходноСитуацијата ескалираше: Мбапе ќе го тужи клубот за изнуда и психичко малтретирање
СледноДа се знае кој е кој: Вардар го претстави своето мега – засилување! (ФОТО)