Челзи крена раце од голманот на Милан и француски репрезентативец, Мајк Мањан и сега ја продолжува потрагата по ново име меѓу стативите. Последните информации од Англија тврдат дека лондонскиот клуб побарал информации од Барселона за голманот Марк-Андре тер Штеген, за кого е заинтересиран и Манчестер Јунајтед.
Претходно беше објавено дека Тер Штеген имал конфликт со тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик. 33-годишниот голман бил незадоволен и од потпишувањето на новиот голман Жоан Гарсија од Еспањол.
Тер Штеген го пропушти поголемиот дел од минатата сезона поради повреда, па летово сигурно би посакал да замине во клуб каде ќе има редовна минутажа.