Челзи го фаќа последниот рок за потписот на Жоао Педро

78

Тимот на Челзи е решен да го потпише играчот на Брајтон, Жоао Педро, но тоа ќе мора да го направи заклучно со 3 јули кога е рокот за пријавување на играчи за Светското клупско првенство.

Брајтон веќе одби две понуди за играчот од 50 милиони фунти, а и Њукасл е заинтересиран да го види бразилецот во своите редови.

„Сините“ се надеваат на напредок во преговорите во наредните денови, поточно до 3 јули. Лондонскиот клуб се надева дека Педро може да одлета за САД и евентуално да му помогне на тимот во елиминациите од Светското клупско првенство, додава новинарот Бен Џејкобс.

ПретходноПелистер ги објави заминувањата летово
СледноМаркез најбрз во Холандија