Уште еднаш се покажа дека Данска е ракометна велесила. Имено вечерва во Катовице, во финалето на У-21 СП во ракомет, Данска со 29:26 (14:10) успеа да слави над Португалија и со тоа да го освои златниот медал на ова светско првенство.
Во текот на целиот меч младите дански ракометари беа подобри, имаа водство, посебно во првото полувреме, и на крајот заслужено победија, Португалците се обидоа нешто да сторат во втората половина од ова финале, но едноставно немаа сили за нешто повеќе па така златото отиде кај младите дански ракометари, апсолутно заслужено.
Да потсетиме, трета е селекцијата на Ф. Острови која во меч за 3.место ја победи Шведска.
Младата селекција на Македонија, под водство на селекторот Раде Стојановиќ ова првенство го заврши на 25.место. Резултат со кој секако дека не можеме да се гордееме.
ФОТО: ИХФ/Х