Лидерот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, нема да биде во составот на „коцкестите“ за престојните два квалификациски меча за СП 2022 против Русија и Словачка.
„Поради повреда на мускул на препоните, Лука Модриќ го пропушти натпреварот со Леванте минатата недела и беше на третман една недела. Медицинските служби на Реал Мадрид и хрватската репрезентација одлучија дека Модриќ не може да учествува на престојните репрезентативни средби. Селекторот Златко Далиќ се согласи со Модриќ дека тој нема да дојде на тренинг кампот на репрезентацијата во Москва на 30 август и остави отворена можност капитенот да им се придружи на соиграчите во Сплит за натпреварот со Словенија (7 септември), доколку добие зелено светло од лекарите“, се вели во соопштението од Хрватскиот сојуз.