„Бомба“ за иднината на Макс Верстапен што ќе направи земјотрес во светот на спортот!

262

Пристигнаа големи вести за Макс Верстапен, а ги објавија новинарите на „Скај Спортс“ од Италија. Верстапен има 27 години и е еден од најдобрите возачи во Формула 1.

По речиси 10 години во Ред Бул, Холанѓанецот би можел да замине и да потпише за друг тим. Станува збор за трансфер во Мерцедес, а Џорџ Расел потврди дека се воделе разговори.

„Нормално е да има разговори меѓу луѓето. Немам за што да се грижам. Има две места во секој тим од Формула 1“, рече Расел.

На оваа тема зборуваше и Кристијан Хорнер, од тимот на Ред Бул.

„Многу е врева и мислам дека Макс едноставно ужива тука и целата врева околу заминувањето го мачи. Јасно ни е со договорот што Макс го има до 2028 година. Не обрнуваме многу внимание на други работи.

Исто така, разбирам дека Џорџ е фрустриран затоа што сè уште не добил нов договор, но тоа е меѓу него и неговиот тим. Ситуацијата со Макс е многу јасна и знаеме каде сме, а и Макс“, рече Хорнер.

Сепак, синоќа тие лансираа вистинска бомба од Sky Sports F1 Italy.

„Големи вести од Формула 1. Мерцедес влезе во конкретни преговори со Макс Верстапен. Холанѓанецот сака промена следната сезона“, гласи нивното соопштение.

Веднаш следеа реакциите на навивачите.

„Ред Бул без Макс е само енергетски пијалок.“

ПретходноФијаско на играч на Реал: Ја побарал „десетката“ на Модриќ, Алонсо порачал дека го продаваат!
СледноОфицијализиран и третиот трансфер меѓу Баер и Ливерпул