Еве како Ла Лига се потсети на МАЕСТРО Барди! (ВИДЕО)

221

Денеска нашиот репрезентативен капитен Енис Барди наполни 30 години. Се говори дека има шанси да се врати во Шпанија, каде мина пет години во Леванте, каде имаше одлични настапи а сеуште се сеќаваме на негвите фантастични голови, пред се од слободни удари, во дресот на Леванте.

Денеска Ла Лига, чест на неговиот роденден, медија тимот на Ла Лига на социјалните мрежи потсети на неговите фантастични голови.

Секако дека во тие пет години, од 2017 до 2022 додека беше фудбалер на Леванте, Барди беше еден од најдобрите изведувачи на слободни удари, тука нема дилеми.

Ла Лига знае да ги цени квалитетите на македонскиот репрезентативен капитен.

ПретходноАтлетико се пофали со Баена
СледноОлаосебикан и официјално во дресот на Вардар! (ФОТО)