Некогашниот капитен на младата репрезентација на Македонија, но и сениорски репрезентативец, Енис Фазлагиќ за прв пат ќе настапува во првата лига на Албанија. Од денеска тој е дел од тимот на Вора кој што изминатата сезона ја освои второлигашката конкуренција во оваа земја.
Фазлагиќ долго време беше дел од тимот на Висла Краков, одеше и на позајмици од овој клуб, но реално доста време се мачеше и со повреди.
Некогашниот младинец на Вардар, член на Шкендија, и еден од најдобрите млади фудбалери некогаш во Македонија ќе се обиде да ја врљти кариерата на вистински правец.