Силекс со бесплатен превоз до Скопје за своите навивачи на мечот со Дечиќ

193
фото: ФК Силекс (facebook)

ФК Силекс денеска излезе со соопштение до сите симпатизери на клубот дека ќе организира бесплатен превоз за домашниот натпревар на клубот против екипата на Дечиќ, кој ќе се одигра на 17 јули во Скопје.

Како што информираа од кратовсњкиот состав, со превозот е вклучена бесплатна карта за натпреварот и пијалоци за текот на натпреварот.  На „Тренинг центарот на ФФМ“, источната трибина ќе биде наменета за сите посетители на натпреварот, додека северната трибина за н.г. „Кратери“, на кој можат да бидат пристутни лица над 17 години.

ПретходноАрне Слот се огласи по шокантната вест за смртта на Диого Жота: Никогаш нема да биде заборавен!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Ричи е нов фудбалер на Милан!