По предлог од клубовите од машката Супер лига, Ракометната федерација на Македонија денеска сос соопштение информираше дека следната сезона во суперлигашкото натпреварување бројот на странски ракометари на натпревар во завршниот дел од сезоната (Плеј Оф-Плеј Аут) во домашното првенство може да биде 9 (девет) ракометари.
Од вкупната бројка на странски ракометари право на настап имаат 6 (шест) ракометари кои што имаат настап за својата национална репрезентација во било која селекција (сениорска, младинска, кадетска).
Од вкупната бројка на странски ракометари 3 (три) ракометари да можат да настапат без ограничување од претходната точка по слободен избор на клубовите.










