Суперкупот на Албанија за Тодоровски, Ѓорѓиев и Целески

633

Теута од Драч е освојувач на Суперкупот на Албанија откако вечерва во финалето со 3:0 ја совлада Влазнија. Со тоа и македонските интернационалци Пепи Ѓорѓиев, Баже Тодоровски и Боби Целески се радуваа на пехарот. Првите двајца беа стартери на мечот со тоа што Ѓорѓиев играше до 61 минута. Голманот Целески остана на клупата.

А Тодоровски продолжи да жнее трофеи со тимот од Драч. За две години колку што е во Теута ова е четврти пехар. Има два од Суперкупот, еден од Купот и еден како шампион на Албанија.

А за Влазнија  настапија двајцата македонски интернационалец Мевљан Адили и Фахрудин Ѓурѓевиќ, а тренер на оваа екипа е екс-стратегот на Шкендија Томас Брдариќ.

ПретходноБлажевски пред отказ во Тиквеш!
СледноЧурлинов стартер, Шалке со пресврт славеше против Фортуна (видео)