По првите 45.минути и Работнички и Силекс се во негатива и губат со по 1:0 кај Торпедо и Дечиќ.
Во Жомбатели (Унгарија), Торпедо Белаз како домаќин со голот на Седко во 12.минута успеа да поведе со 1:0. Нашиот тим во 41.минута преку Елези имаше одлична шанса за израмнување, но неговиот удар од волеј заврши над голот.
Во Тузи, Дечиќ со голот на Бајовиќ во 39.минута дојде во водство од 1:0 против Силекс.