ЛК: Работнички убедливо поразен во Унгарија! Торпедо е пресилен за тимот од Градски парк(ФОТО)

296

Торпедо Белаз – Работнички 3:0. Ова е епилогот од првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, кој се одигра на “Халадаш“ стадионот во Жомбатели (Унгарија).

Стртелци на головите беа Седко во 12.минута, Побудеи во 64 и Алфред во 90+3.

Работнички убедливо е поразен на гостувањето кај Торпедо Белаз. Секако дека три гола се голема разлика, се покажа дека барем на овој меч тимот од Белорусија покажа поголем квалитет, дека е поискусен.May be an image of 7 people, people playing soccer, people playing football and text

Па така ако сака Работнички во реваншот во Скопје да дојде до победа и шанса за минување во следното коло, ќе треба и тоа како многу, многу повеќе да прикаже. Да не кажеме дека ќе му треба чудо.

Уште на почетокот тимот од Белорусија наметна свој стил на игра, комбинираше, а Работнички никако не успеваше да се “извади“ од таквиот стил на игра на „домашните“.

Не дека имаше шанси, но евидентно беше дека Белорусите беа подобри, И во 12.минута водство за Торпедо Белаз. Ореков изведе корнер, одбраната на Работнички едноставно заспа, а тоа го искористи Седко и со прецизен удар го совлада Василев.May be an image of 7 people, people playing football, people playing soccer and text

И во продолжение Седко беше најопасниот играч на Торпедо, беше постојана закана. Тимот од Градски парк дури во последната фаза од првиот дел тргна похрабро, а Елези на додавање на Кадриу можеше и мораше да постигне гол, но неговиот удар од волеј заврши над голот на противникот.

Во продолжение Работнички се обиде, во рамките на своите можности да наметне свој стил, да дојде до шанса и израмнување, но…

Сето тоа беше бадијала, зошто тимот од Белорусија преку Побудеи, кој влезе во второто полувреме, успеа да зголеми на 2:0.May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text that says 'FOTHe линствоие 丑 ЕдИ ВОИВЕРНОСТЬ воИ'

И по тој гол Работнички сакаше, но немаше идеја или сила да дојде до гол. За разлика од нашиот претставник, противникот знаеше што треба и знаеше како да дојде до тоа што му одговара. На моменти се чинеше дека и тоа ако Работнички нешто одигра, тоа како му го дозволуваше составот од Белорусија.

Ова е некој друг состав од оној во минатата сезона, секако дека ќе треба време некои равботи да се постават таму кај што треба.

Сепак да се надеваме дека на реваншот во Скопје ќе биде многу подобро.

На крај Алфред со убав гол во судиското продолжение донесе конечни 3:0.

ФОТО: ФК Работнички/ФБ

Лига Конференции: 1.квалификациско коло (прв меч)

ТОРПЕДО БЕЛАЗ (БЛР) – РАБОТНИЧКИ (МКД) 3:0

Стадион „Халадаш“ во Жомбатели (Унгарија). Судија: Алеко Аоциаури (Грузија). Стрелци: Седко 17., Побудеи 64., Алфред 90+3.(ТОР).

ТОРПЕДО БЕЛАЗ: Малашчитски, Нехаев, Политевич, Премудров, Мелко, Бутаревич, Селијава (68. Чарјуев), Камара (68. Дантас), Ореков (57. Побудеи), Седко (89. Василевич), Скавиш (57. Алфред).

РАБОТНИЧКИ: Василев, Димитриевски, Велкоски, Велиќ, Асани, Ангелов, Демири, Калани Алмеида (80. Робакидзе), Манојлов, Елези (46. Делеј), Кадриу.

ПретходноВардар доминира, но без реализација по првото полувреме
СледноСилекс со негатива од два гола се враќа од Црна Гора (ВИДЕО)