Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Вардар вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје, во рамките од првото квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Ла Фиорита обезбдди победа од 3:0.
Убав триумф кој што ветува мирен реванш против реално слабиот противник кој што во Скопје вечерва не упати удар на гол, додека пак Вардар дваесет пати се закани кон противничката мрежа
„Првото полувреме го одигравме во грч. Знаевме дека кога ќе постигнеме прв гол, потоа ќе биде полесно затоа што противникот ќе се отвори и ќе заигра поофанзивно. Задоволни сме што не примивме гол и ја сочувавме мрежата.“, – изјави Георгије Јанкулов, еден од најдобрите поединци на Вардар вечерва.