Јуниорите на „тест“ против Швајцарија во Ботевград

48

Машката селекција на Македонија за кошаркари „Под 18“ години денеска патува за Ботевград, каде во наредните денови ќе реализира дел од планираните активности.

За време на викендот ќе одигра две средби против јуниорската репрезентација на Швајцарија.

Првиот ќе се игра утре попладне, од 18.часот, вториот пак е предвиден за 13. јули (недела), со почеток од 12.часот (двата натпревари ќе се играат по локално време).

На пат за Бугарија, селекторот Горан Андреевски поведе 13.кошаркари: Михајло Малиниќ, Илин Најков, Дамјан Данев, Дамјан Стојановски, Алексеј Нешовиќ, Дарјан Димовски, Христијан Несторовски, Марко Бајалџиев, Филип Сребров, Григориј Ѓорѓевиќ, Жарко Терзиевски, Ристе Букршлиев и Ѓорѓи Цветковски.

ПретходноЧаби Алонсо го молел Перез за Модриќ
СледноУЕФА одлучи: Кристал Палас оди во Конференциска лига, Нотингем Ф. ќе игра во Лигата на Европа!