Иранскиот судија Алиреза Фагани ќе го суди финалето меѓу Пари Сен Жермен и Челзи на Светското клупско првенство.
ФИФА му ја довери задачата на 47-годишниот Алиреза Фагани, кој ќе биде одговорен за финалето кое се игра утревечер (21 ч.) во Њу Џерси. Фагани стана судија на ФИФА во 2008 година и судеше, меѓу другото, и на финалето на Олимписките игри во Бразил, каде што домаќините се сретнаа со Германија.
Иранецот го судеше и натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство во Русија, а судеше и два натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар.