Преговорите меѓу Реал и Винисиус „заглавија“

190

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, продолжува да бара плата од 30 милиони евра и бонус за потпишување во случај на евентуално продолжување на договорот со клубот. Според „Атлетик“, ова е причината зошто преговорите се заглавени во изминатите неколку месеци.

25-годишниот Винисиус игра за Реал од 2018 година, а неговиот договор е за уште две сезони. Досега, Бразилецот има запишано 322 натпревари за „кралевите“, 106 гола и 83 асистенции.

Се очекуваше Реал Мадрид наскоро да го објави новиот договор на Винисиус до 2030 година, но тоа нема да се случи. Може да има развој на настаните по завршувањето на сезоната 2025/26.

Винисиус одигра 41 натпревар со бразилската репрезентација, постигнувајќи 7 гола.

ПретходноБрендираниот автобус ги пречека играчите на Вардар на аеродромот во Болоња! (ФОТО)
СледноСрцепарателна порака на сопругата на Жота