Македонската женска младинска репрезентација не успеа да приреди изненадување против фаворитот Исланд. После освоениот бод против Литванија нашите ракометарки се поразени од Исланд со убедливи 48-26.
Овој пораз значи дека Македонија ќе игра за пласман од 17 до 24 место.
Мечот беше решен во првото полувреме, противникот го отвори дуелот со 7-2, за кратко време поведе со 16-6. На одморот негативата беше 14 гола разлика (21-7).
Во продолжение немаше простор за кам-бек.
Тодоровска постигна шест гола, додека Кралева четири.