Битолските „зелено-бели“ од денеска имаат ново засилување. Како што потврдија од клубот ново засилување за екипата на Пелистер е искусниот Марјан Ристовски – Швајц.
28-годишното лево крило доаѓа во редовите на битолчани откако претходно го носеше дресот на Кавала. Претходно, популарниот Швајц беше и во екипите на Брера Струмица и Вардар, а претходно и во Работнички; Силекс, Борец и уште неколку домашни фудбалски клубови.