Тотенхем и третпат победи со 1:0, Лидс Ј. извади реми кај Барнли (ВИДЕО)

132

По три кола во Премиер лигата, Тотенхем е лидер на табелата со максимален учинок и 9 освоени бода. Во мечот од 3. коло денеска, Спарс славеа минимално со 1:0 и над екипата на Ватфорд, со што ја забележаа третата идентична победа од почетокот на сезоната (претходно со 1:0 славеа и против Манчестер С. и Вулверхемптон).

Денеска среќен за Тотенхем беше Сон кој погоди во 42. минута и го трасираше патот на лондончани до првото место на табелата.

 

Во вториот попладневен дуел, Барнли не успеа да го сочува водството и на крајот ремизираше со Лидс Ј., 1:1. Домашните поведоа преку Вуд во 61. минута, а гостите израмнија со голот на Бамфорд во 86. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПо одлуката на УЕФА: Во Скопје ќе има ВАР за дуелите со Ерменија и Романија
СледноЗборуваше против вакцините па го исфрлија од УС Опен