Фуриозен почеток на Стојчев и Хасану, Македонија на ЕП во Чешк

33
Стојчев и Хасану ги остварија првите победи, Македонија одлучно го започна својот настап на Европското пинг понг првенство во Острава, Чешка.
Големо изненадување приреди најпрво Лука Стојчев кој во категоријата младинци поединечно го победи Австриецот Францис Колоџијесчук со резултат од 3:2. Денес во 13:30 часот ќе игра против Дарио Салседо од Шпанија за прво место во Група 7.
Софија Хасану во дуелот со Руби Оливија Елиот од Велс обезбеди сигурна победа од 3:1 и со тоа македонската репрезентација ја забележа втората победа уште на првиот ден од учеството на ЕП во Чешка.
Кога се работи за останатите учесници, Моника Стајковска, категорија кадетки, имаше тежок противник од Франција и го загуби првиот натпревар со резултат од 3 : 0, додека Кристијан Каламадевски, категорија кадети, одигра одлично со Никола Миладиновиќ од Србија, но не успеа да го добие натпреварот.
Натпреварите продолжуваат денеска, па се до 20-ти Јули до кога трае Европското првенство, а Македонија настапува со четири репрезентативци.
ПретходноИнтересна комбинација: Прво Санчо, па после може и Рашфорд
СледноКошаркарите се „чекираа“ во Гевгелија, Петков поради здравствени причини остана во Скопје