Некогашниот младински репрезентативец на Албанија, и досегашен играч на тимот на Шкупи, Хамза Рамани, е нов играч на тимот на Фљамуртари од Албанија.
Играчот за врска ја продолжува својата кариера во соседството, и ќе игра заедно со Игор Алексовски, досегашниот голман на тимот на Работнички, како и со Тодор Тодороски повремениот репрезентативец на Македонија.
За Рамани ова е прво интернационално искуство откако стартуваше најпрво во Шкупи, а потоа беше дел и од екипите на Влазерими, Велешта, Победа, Беласица и Силекс.