Еден од најталентирание норвешки фудбалери и досегашен член на тимот на Роземборг, Свере Нипан е нов член на екипата на Манчестер Сити.
Офанзивецот кој има само 18. години потпиша петгодишен договор со траење до 2030 година.
Ова е инаку играч кој што сензационално имаше деби за првиот тим на Роземборг на своја 15. годишна возраст.
„Неверојатно сум среќен и горд што се приклучив на Манчестер Сити. Сон е за секој млад играч да стане дел од овој клуб и да се придружи на таква група таленти од светска класа.“ – изјави за клупскиот сајт на Сити, Свере Нипап.