Денеска во Виена се одржа ждрепката за групната фаза во ЕХФ Европската лига за сезоната 2025/26. Вардар се падна во групата Ф, и ќе игра со Кристијанштад (Шведска), Тулуз (Франција) и победникот од квалификацискиот дуел меѓу Дуго Село и Сесвете.
Алкалоид, секако ако го мине Хановер, ќе игра во групната фаза во Европската лига и тоа во групата Г заедно со Фредериција (Данска), Татран (Словачка) како и победникот од квалификацискиот меч меѓу Савехов и Малме.
Натпреварите во групната фаза во вториот по ранг европско ракометно натпреварување ќе започнат на 14 октомври а ќе завршат на 2 декември.