Сениорките на 23 јули ќе ги дознаат противниците во квалификациите за ЕП 2027!

27
ФОТО: КФСМ.МК

Големи измени во системот за натпреварување во квалификациите за наредниот женски Евробаскет во 2027 година.

Вкупно 38. национални селекции кои го пријавија своето учество во квалификциите, ќе треба да поминат две фази, прва и втора квалификациска, преку четири „прозори“ на ФИБА.

Како ќе бидат распоредени ќе биде познато на свечената церемонија, односно ждрепката која на 23.јули (од 13.часот), ќе биде организирана во Минхен.  

Нашата женска селекција, заедно со оние на Естонија,Кипар, Австрија, Ирска, Азербејџан, ја дочекуваат ждрепката во 4.група на носители.   

ПРВА РУНДА КВАЛИФИКАЦИИ

Во првата квалификациска рунда, ќе играат 27. селекции во периодот од ноември 2025 до март 2026 година.

Тимовите ќе бидат поставени во шест групи по четири, и една од три (група „А“, група „Б“, група „Ц“ и група „Д“, и ќе играат според „раунд-робин“ систем, по три натпревари во секој квалификациски „прозорец“.

Победниците на групите и второпласираните, и трите најдобри според резултатите од првиот круг – вкупно 17, имаат прогрес во втората квалификациска рунда.

Репрезентациите на Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија ќе учествуваат на квалификациските турнири за пласман на Светското првенство во 2026 година, кои ќе се одржат во март, 2026 година, и нема да играат во оваа квалификациска фаза.

Освен тоа, Белгија, како една од четирите земји организатори, заедно со Финска, Литванија и Шведска, ќе бидат во заедничката група „Х“, и заедно со останатите седум, директно се квалификуваат за втората рунда од квалификациите.  

Тимовите кои ќе бидат елиминирани во првата рунда ќе се „преселат“ во претквалификациите за ФИБА Евробаскетот во 2029 година.

ВТОРА РУНДА КВАЛИФИКАЦИИ

Втората рунда од квалификациите предвидува 24.национални тимови. Од нив, 17 се од првата квалификациска рунда, плус оние седум од квалификациските турнир за Светскиот Куп 2026 (Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија).

Поделени се во шест групи по четири-учесници (вкупно шест натпревари во два ФИБА „прозорци“, ноември 2026 и февруари 2027, во секој од нив ќе бидат одиграни по три натпревари).

Двете првопласирани селеккции од секоја група, вкупно 12, ќе им се придружат на четирите домаќини на Евробаскетот во 2027 година (Белгија, Финска, Литванија и Шведска).

ЖДРЕПКА НА КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ

Тимовите се распределени во четири „шешири“ (според актуелниот ФИБА ранкинг во женска сениорска конкуренција.

Ко-организаторите на ЕП, репрезентациите на Белгија, Финска, Литванија и Шведска), ќе бидат ждребувани одвоени, и ќе ја формираат „Х“ натпреварувачката група.

ЛИСТА НА НОСИТЕЛИ

ПРВА ГРУПА

Србија, Велика Британија, Словенија, Црна Гора, Грција, БиХ, Словачка;  

ВТОРА ГРУПА

Летонија, Португалија, Хрватска Украина, Полска, Швајцарија, Израел;  

ТРЕТА ГРУПА

Луксембург, Холандија, Данска, Бугарија, Романија, Исланд, Норвешка;

ЧЕТВРТА ГРУПА

Естонија, МАКЕДОНИЈА, Кипар, Австрија, Ирска, Азербејџан;   

ПретходноВербомен од Белгија ќе суди на мечот Шкендија – ФЦСБ во Скопје!
СледноВалмир Какруки: Секоја укажана шанса мора да се искористи максимално!