Откако нашиот најтрофеен клуб синоќа стави печат на пласманот во второто квалификациско коло во Лигата на Конференции на гостувањето во Сан Марино, сега сите се со мислите на тоа што следува.
А следува двомечот со Лозана, еден од најдобрите клубови во Швајцарија.
Познати се и официјалните термини за двата меча. Првиот се игра на 24 јули (четврток) на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:30 часот, додека реваншот се игра на 31 јули (четврток) на стадионот “Тулиер“ во Лозана, и тоа со почеток од 20:15 часот.
Се разбира дека се очекува добар настап на нашиот најтрофеен клуб и во двата меча против силниот швајцарски состав.